Галерија

Животот во радиоактивното предградие на Јоханесбург

Остатоците од поранешните рудници во околината на Јоханесбург изгледаат убаво кога ги гледате од далеку – тие се жолти и на панорамата и даваат уникатен изглед. Но, дали животот е еквивалентен на овој поглед?

afrika aps 2 877763585

Ова предградие изгледа потполно поинаку кога живеете таму. Розалинд Платијес, жителка на едно од предградијата, кажува дека со децении живее во сенката на земјиштето ископано од рудникот, а кое со текот на времето станало огромно како планина. Бидејќи поголем дел од животот го поминала во овој крај, таа денес има сериозни здравствени проблеми, особено со респираторните органи. Всушност, дури 16 часа дневно таа мора да носи маска за кислород бидејќи нејзините бели дробови се потполно уништени од прашината од рудникот.

afrika aps 3 779253699

„Мојата здравствена состојба е тешка, некогаш немам сила ни да станам. Некогаш едноставно останувам во кревет и воопшто не станувам цел ден“, раскажува таа. Иако е во тешка состојба, таа можеби и има среќа во однос на нејзините соседи од кои голем број починаа.

Прочитајте и...  Го истетовирал последниот подарок од неговата ќерка

Розалинд е само една од неколкуте десетици илјади луѓе од сиромашните предградија на Јоханесбург кои ја плаќаат со живот цената за животот во близина на рудникот. Само во околината на Јоханесбург има повеќе од 600 напуштени рудници, а целиот отпад од рудникот е сместен во тие населби каде што живее сиромашен народ.

afrika aps 5 355624558

И додека немаат каде да одат, жителите од овие населби оправдано, најмногу се плашат од ветрот. Имено, кога дува силен ветар, ситни честички прашина летаат на сите страни и често завршуваат во домовите на овие луѓе. Она што треба да се нагласи е дека ова не е обична прашина. Имено, таа содржи отровни супстанци – од бакар, жива па се до цијанид и арсен.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top