Македонија

„Златна арена“ за Теона Стругар Митевска

teona 696x1044

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска на штотуку завршениот 62.Филмски фестивал во Пула ја доби Златната Арена за најдобра режија.Петочленото жири едногласно ја додели оваа награда на Теона Стугар Митевска, образложувајќи дека „прецизната препознатлива режисерска работа успева целосно да го вовлече гледачот во настаните, карактерите, случувањата и општествените околности во филмот“.Ова е веќе седма награда за филмот на меѓународната сцена, а филмот „Петрунија“ во јули ќе учествува на девет фестивали низ целиот свет.По Пула, „Петрунија“ го отвори филмскиот фестивал во Одеса, Украина, од таму е филм на отварање на Мотовун Филмскиот фестивал во Хрватска, а потоа настапува во конкуренција на Авторскиот филмски фестивал во Палич, Србија, па во Кина и Нов Зеланд. 

Прочитајте и...  Стоилов ја затвора „Рок кафана Рустикана“ до стабилизирање на состојбата со корона вирусот
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top