Астрологија

Значењата на најчестите симболи што се појавуваат при гледање на кафе

Голем број љубители на турското кафе, честопати знаат по завршувањето со пиење да ја „свртат“ шолјата и да ја подготват за гледање. Тоа несомнено е дел од македонското секојдневие. Без разлика дали веруваме или не во „предвидувачката моќ“ на кафето, тоа продолжува да биде неизбежен дел од утринскиот разговор со нашата најблиска пријателка.

1

Обичајот да се гледа на кафе за прв пат се појавил во Отоманската империја, но оттаму со тек на време се раширил низ целиот свет. Постојат многу различни интерпретации на симболите, како и правила за тоа како треба да се одвива гледањето на кафе. Но, има и неколку општоприфатени значења на оние симболи кои најчесто се појавуваат во нашите шолји.

tursko kafe

Основни правила за гледање на кафе

  • И покрај тоа што може да се гледа на кафе секој ден, се верува дека е најдобро тоа да биде во вторник или во петок, како и да се избегнува денот недела и деновите на верските празници. Исто така се верува и дека е подобро да се гледа претпладне отколку попладне.
  • Оној кој гледа на кафе, треба тоа да го прави во својот дом.
  • Не е пожелно на една личност да ѝ се гледа повеќе пати во текот на неделата.
  • Никогаш не додавајте дополнителна количина кафе, вода или талог во вашата шолја пред гледањето. Исто така не ја вртете шолјата повеќе пати, со цел да имате повеќе фигури во неа. Најправилно е да ја поклопите со тацната и потоа во еден потег да ја превртите. Откако ќе го сторите тоа, почекајте барем 10 минути да се исуши талогот, пред да почнете со гледањето.
  • Само на една личност ѝ е дозволено да гледа во шолјата, и истата треба сама да го заврши гледањето до крај.
  • Додека некој ви гледа на кафе не е препорачливо да го прекинувате со прашања, на тој начин можете несвесно да му сугерирате одредени работи и да му го одвлечете вниманието во погрешна насока.
  • По гледањето најчесто се замислува една или три желби.
  • Оптимален период за гледање на кафе е од 10 до 15 минути.
  • Шолјата е поделена на 5 полиња. Првото поле се однесува на личноста на која ѝ се гледа, второто поле се однесува на најблиската фамилија, третото поле се однесува на личноста со која е во емотивна врска, четвртата страна е за пријателите, познаниците, соработниците како и за работата/факултетот, додека пак петтата страна се однесува на карактерот на личноста и на нејзиниот дом и семејство.
  • Редоследот на гледање во шолјата според полињата е 5, 1, 2, 3, 4. Симболите се толкуваат од лево кон десно и одоздола нагоре.
Прочитајте и...  Пиењето кафе ви го продолжува животниот век
2 znachenjata na najchestite simboli shto se pojavuvaat pri gledanje na kafe www.kafepauza.mk

начењата на најчестите симболи што се појавуваат при гледање на кафе

Ангел – Среќна случка во вашиот дом, принова, ненадеен финансиски успех, наследство.

Авион – Работа со некој близок пријател која има неизвесен крај.

Автобус – Патување со друштво, екскурзија, излет, службен пат.

Автомобил – Во брзо време ќе се случи нешто важно.

Бик – Доколку личноста е женско, некој нападно ѝ се додворува и не знае како „да го откачи“, додека пак ако личноста на која ѝ се гледа е машко не треба да го губи времето со девојка која не е слободна.

Букет – Вашиот/та сосед/ка се заљубил/а во вас. Може да претставува и трајна љубов.

Брод – Во брзо време ќе одите на долго патување.

Бебе – Новости во домот или во вашата блиска околина.

Вага – Успех, тоа што сте го вложиле повеќекратно ќе ви се врати.

Вазна – Бидете достоинствени, не дозволувајте да ве понижуваат.

Врапче – Ситна штета што ќе ви направи многу големи непријатности.

Глава – Ќе запознаете многу влијателни луѓе.

Гуштер – Пријателот на кој сметате, нема да ви помогне.

Прочитајте и...  Личностите родени во овие хороскопски знаци секогаш се ослонуваат на другите

Дрвја – Опкружени сте со одлични пријатели, а не сте свесни за тоа. Желбата ќе ви се исполни.

Друштво – Весел провод, со многу гласна музика, алкохол и пијанство.

Детелина – Ви престои среќа во љубовта.

Жаба – Интриги. Вашата фамилија озборува.

Жена – Доколку е во горниот дел од шолјата, среќа. Ако се наоѓа во долниот дел, претставува љубомора.

Жирафа – Не бидете толку важни и вообразени.

Змија – Ќе ви наштети женска личност од вашата околина.

Змај – Разгорување на страстите со личност од вашето минато.

Јато птици – Луѓето премногу се мешаат во вашите деловни планови.

Јарец – Тврдоглавоста скапо ќе ве чини.

Клуч – Ќе ви помогне постар господин во работата што неодамна сте ја започнале. Успешно разрешување на некој проблем.

Книга – Ви треба стручен совет и помош.

Коњ – Ви престојат големи љубовни авантури. Добивка, пријателство, искрена љубов, верност.

Куче – Верност. Вашиот пријател има потреба од вашата помош.

Кафе – Во брзо време ќе ви дојдат гости.

Кокошка – На повидок е жестока караница.

Круна – Позитивен знак, успех на сите полиња.

Лав – Ќе ја здобиете довербата на некоја угледна личност. Пазете се од луѓе што многу лесно ветуваат.

Мачка – Кавга во фамилијата поради пари. Ќе запознаете многу интересна личност. Имате некое лажно пријателство за кое не сте свесни.

Месечина – Ќе бидете излезени со ново друштво.

Мост – Ќе барате помош од истиот пријател кој го барал тоа од вас во минатото. Брз успех и исполнување на желба.

Око – Некој веќе подолго време сака да ве види.

Оџак – Голема среќа во блиска иднина.

Прозорец – Вашите соседи се многу љубопитни. Постојано ве набљудуваат.

Прстен – Ако се наоѓа на дното претставува посветување, сериозна љубовна врска, веридба. Доколку се наоѓа од страните, внимавајте бидејќи некоја личност не е многу задоволна од вашата одлука на оваа тема.

Прочитајте и...  Знаци кои покажуваат дека ви е фрлена клетва

Пердув – Нема причина за вашата љубомора.

Пчела – Пред вас е најуспешната година досега. Ќе си ги остварите сите планови.

Рака – Непријатности со полицијата.

Слон – Огромниот труд кој го вложивте, конечно ќе ви донесе решение на проблемот.

Сончоглед – Премногу сте недоследни кога станува збор за љубовта.

Секира – Наскоро ќе има пресврт во вашиот живот.

Часовник – Времето работи за вас.

Стрела – Не ја пренесувајте понатаму веста што ќе ја слушнете.

Фенер – Неочекувана промена во вашиот живот која ќе ви предизвика огромно задоволство.

Шешир – Еден од вашите најблиски пријатели ќе се обиде да сокрие нешто од вас.

kafe prevrteno

Значењата на броевите

1 – Почеток, вест, честитка.

2 – Запознавање, посредување, ќе ве повикаат како сведок на суд.

3 – Ново познанство.

4 – Разговор.

5 – Успех, ќе ви бараат пари на заем.

6 – Штета во вашиот дом, пожар, кражба на автомобил.

7 – Нова љубов (ако седмицата е без црта) или обновување на стара љубовна врска којашто ќе заврши на истиот начин (ако седмицата е со црта).

8 – Ќе вложите пари кои ќе ви се удвојат.

9 – Почеток на сериозна врска, веридба, брак.

10 – Ќе добиете неочекувани пари.

turkish coffee 1296x728 feature

Значењата на буквите

А – Почеток на нова работа.

Б – Оригинална и мила личност.

В – Агресивност, победа.

Г – Искреност, јасни мисли.

Д – Себичност.

Е – Самодоверба.

Ж – Исполнување на желба.

З – Темпераментност.

Ѕ – Оригиналност.

И – Нови информации.

Ј – Необична љубовна авантура.

К – Караница со блиска личност.

Л – Истрајност, упорност.

Љ – Искрена љубов, склоност кон самосожалување.

М – Природно, спонтано, нови можности.

Н – Благородност.

О – Егоист.

П – Умереност.

Р – Сила, Хармонија.

С – Голема среќа.

Т – Имате премногу предрасуди.

У – Тврдоглавост.

Х – Остварување на целта.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top