Здравје

Зошто е добро да пиете чаша вода со лимон?

Веројатно досега сте го чуле советот дека чаша вода со лимон наутро може да направи чудо за организмот. Овој освежителен пијалак има голем број придобивки за вас, а неколку од нив можете да прочитате во продолжение.

Lemon Water1

Рецептот е многу едноставен. Исцедете половина лимон во чаша со млака вода наутро пред појадок. Еве дел од причините што ги издвои lifehack, поради кои треба да го консумирате овој пијалак.

Затоа што го јакне имунитетот

Витаминот Ц го јакне вашиот имунитет и со тоа го штити вашето здравје. Нивото на витамин Ц во вашиот организам нагло опаѓа кога се наоѓате под стрес, затоа и се препорачува да внесувате поголемо количество витамин Ц во стресните денови.

Лимонот е богат со калиум

Лимонот е богат со калиум кој е добар за срцето, како и за мозокот.

Го подобрува варењето

Не само што го подобрува варењето, туку и го прочистува вашиот организам од отровите.

Го освежува здивот

Прочитајте и...  За сезоната на грип која е пред нас – Чај благодарение на кој нема да се разболите

Лимонот влијае на намалување на забоболката. Бидејќи лимоновата киселина може да ја оштети забната глеѓ, треба да почекате пред да си ги измиете забите откако ќе го испиете пијалакот.

За здрава кожа

Антиоксидантите во лимоновиот сок помагаат за да се намали појавата на брчки и дамки на кожата.

За регулирање на тежината

Лимонот содржи пектин, кој му помага на организмот да се справи со гладот.

Дава енергија

Не само што дава енергија, туку и помага во борбата со депресијата и анксиозноста.

Најпопуларно


To Top