Здравје

Зошто не треба да ја грицкате кожата околу ноктите?

Сите ние имаме некакви навики кои повеќе или помалку се штетни за нашето здравје. Една од најчестите лоши навики е грицкањето на ноктите, како последица на стрес и нервоза.

content nail biting remedies
content nail biting remedies

Слично на гризењето нокти, луѓето честопати ја грицкаат кожата околу своите нокти – можеби се познати, оние досадни ситни парченца кои се лупат околу ноктот, а кои многу болат.

И оваа навика најчесто е несвесна, се кинат делчиња од кожата, се грицкаат и се гребаат со ноктот од соседниот прст поради внатрешен немир, вознемиреност и стрес. 

Меѓутоа, оваа лоша навика може да биде опасна и мора да научите како да ја совладате.

На оваа област околу ноктите има легло на бактерии кои преку устата се внесуваат. 

Но тоа не е се’: со лупење на горниот слој од кожата, се отвораат премини за бактериите кои лесно можат да навлезат во ткивото и да прдизвикаат инфекции во таа област.

Прочитајте и...  Болките во стапалата ублажете ги веднаш со четири едноставни трикови

Какви и колкави се штетите од оваа лоша навика?

Оваа навика всушност има име, позната е како дерматиломанија. Наводно, двајца од седуммина луѓе страдаат од оваа состојба која може да предизвика непоправлива штета на нервите, како и трајно оштетување на ноктот.

Ако имате дерматиломанија, мора да се ослободите од неа. Посетете го вашиот лекар кој ќе ве упати на прихолог или психијатар, кој со посебен третман ќе ви овозможи да се ослободите од стресот и оваа лоша навика.

Исто така, може да помогнат и други алтернативни лекови, како покривање на областа со некои креми или други препарати, па дури и премачкување со безбоен лак, може да помогне. 

Можете да се обидете со премачкување со сенф, исто така.

Најпопуларно


To Top