Кујна

Зошто НИКАКО не треба да складирате храна во алуминиумска фолија?

Топлото време го забрзува процесот на расипување на храната, па затоа штом храната се олади по готвењето, треба да ја ставиме во фрижидер.

На тој начин, јадењето може да остане свежо и до четири дена, но важно е да се чува правилно.

Повеќето од нас преостанатата храна ја ставаат во фрижидер во чинија покриена со алуминиумска фолија до следното консумирање.

Истражувањата покажуваат дека овој начин на складирање храна е штетен. Некои бактерии, како што е Bacillus cereus, остануваат на храната и по готвењето. Кога храната е оставена на собна температура подолго од 2 часа бактериите брзо се размножуваат, пишува Washington State Department of Health.

Пoкривањето на храната со алуминиумска фолија остава доволно воздух за бактериите да се размножат. Подобро решение е храната да ја чуваме во садови во кои нема да влезе воздух, по можност со вакуум капак или во стаклен сад со капак.

„Кога има воздух, тој им овозможува на бактериите побрзо да се размножуваат, затоа користете садови и пакувајте ја храната првилно“, вели Линзи Малоне, нутриционист од Cleveland Clinic.

Прочитајте и...  Светот полуде по оваа метода: Ставаат алуминиумска фолија во уста, а резултатите се неверојатни

Доктор Зубаиди, автор на едно истражување, вели дека алуминиумската фолија не треба да се користи ниту за готвење, ниту пак за складирање на храната, посебно не за некои прехранбени производи, како што се доматите, агруми или зачини. Таложењето на алуминиум во организмот може да доведе до сериозни болести како што се, на пример, остеопороза и Алцхајмерова болест.

Зголеменото ниво на алуминиум во организмот доведува и до високо ниво на калциум во крвта, што е и најчест показател дека во телото има премногу алуминиум. Претходни студии покажуваат дека кај луѓето кои страдаат од Алцхајмерова болест се пронајдени наслаги од алуминиум во мозочното ткиво. Докторот вели дека алуминиумската фолија не е опасна ако се користи за складирање на ладна храна, но исто така забележува дека треба да се избегнува и алуминиумски прибор за јадење и садови.

Најпопуларно


To Top