Дом и Градина

Зошто треба да ставите паричка во замрзнувачот пред да отпатувате од дома?

Кога треба да отпатувате некаде и нема да бидете дома одреден период, потребно е да направите неколку работи пред да заминете.

Една од тие работи е да ставите паричка во шолја во замрзнувачот. Ставете вода во една шолја и оставете ја да замрзне. На врвот ставете метална паричка.

Кога ќе се вратите од патувањето, ако паричката останала на врвот, значи дека замрзнувачот работи исправно, ако паднала на дното на шолјата, тоа е знак дека нешто не е во ред.

Така ќе знаете дали замрзнатата храна е во добра состојба или не, бидејќи никој не сака да се врати дома и да го дочека „смрзната“ храна која веќе не може да се консумира.

Често ја занемаруваме важноста на замрзнувачот, па овој трик е многу корисен за да го провериме тоа.

zoshto treba da stavite parichka vo zamrznuvachot pred da otpatuvate od doma 02
zoshto treba da stavite parichka vo zamrznuvachot pred da otpatuvate od doma 02


Прочитајте и...  Најчести хигиенски грешки кои ги правиме во тоалетот: Вака го претвораме во оаза за бактерии!

Најпопуларно


To Top