Здравје

Зошто во зима се разболуваме почесто?

Во зимскиот период вирусите се многу поотпорни, а нашиот имунитет е намален, па резултатот е почести настинки.

zoshto vo zima se razboluvame pochesto 01

Факт е дека во студените месец се разболуваме почесто отколку во топлите, но дали е вистина и дека токму студот е виновникот?

И покрај стереотипот студ = настинка, не треба да заборавите дека настинките всушност се предизвикани од вируси. Па, така дури и да „смрзнете“ од студ тоа не значи дека ќе се разболите.

Причини зошто во зима се разболуваме почесто:

1. Во овој период дехидрацијата на носната лигавица дозволува патогените бактерии лесно да влезат во нашето тело. Природната заштитна бариера е намалена.

2. Кусите зимски денови не само што влијаат на нашето расположение, туку влијаат и на лачењето на витаминот Д, кое е намалено поради намаленото ниво на сончеви зраци. Недостигот на овој витамин води до слабеење на имунитетот.

3. Ладното предизвикува крвните садови да се стеснуваат што ги прави побавни белите крвни зрнца, кои се главни борци со вирусот. Како резултат на тоа имаме намален имунитет.

Прочитајте и...  Ова не сте го знаеле за црното чоколадо: Делува слично како канабисот и го намалува ризикот од депресија

4. На ниските температури надворешноста на вирусите се зајакнува и го штити вирусот како школка и со тоа тој се шири полесно. На повисоки температури школката станува слична на гел и со тоа вирусот е поранлив.

За да ја спречите појавата на вируси:

Минувајте повеќе време на отворено.

zoshto vo zima se razboluvame pochesto 02

Одржувајте ја хигиената во домот.

zoshto vo zima se razboluvame pochesto 03

Јадете здрава храна.

zoshto vo zima se razboluvame pochesto 04
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top